дома Македонија РАСТЕ НИВОТО НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО: ПМ 10 честички неколку...

РАСТЕ НИВОТО НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО: ПМ 10 честички неколку пати покачени над дозволената граница

Изминатиов период воздухот во Тетово речиси константно е со лош квалитет, односно со ПМ 10 честички неколку пати покачени над дозволената граница.Најголема загаденост се чувствува во попладневните и вечерни часови.

Ниту мерки, ниту било какви препораки за загадувањето. Локалните власти и годинава се глуви на проблемот, кој станува се поалармантен.

Граѓаните, поучени од незаинтересираноста на општинските власти,велат дека сами си се пазат да не излегуваат кога е најзагадено.Бараат мерки и заштита, но се плашат дека со оваа власт, ќе ги нема.

Освен што и годинава изостанаа мерките за намалување на аерозагаденоста, нема казни ниту за бројните фабрики во околината на градот кои палат секаков отпад, ниту за запалените стрништа.Никаква стратегија не е донесена и за густиот сообраќај,кој уште повеќе ќе се зголеми идниот месец, со доаѓањето на исселениците за новогодишните празници.