April 25, 2024, 12:12 pm

Расте црниот биланс: Под ypнатините на зградата на Флорида најдени уште четири тeла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спасувачките екипи во американската сојузна држава Флорида пронашле уште четири тела на настрадани во уривањето на зградата „Champlain Tower“ во Сарфсајд во четвртокот, со што сега има вкупно девет загинати а 156 лица сѐ уште се сметаат за исчезнати.

„Ги вложуваме сите напори за да го идентификуваме новите тела кои ги најдовме“, изјави градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава во неделата на брифингот за новинарите.

Во саботата ноќта беа објавни имињата на уште три идентификувани жртви, а во петокот на една, 54-годишна жена кога живеела во еден од становите.

Во саботата Левин Кава нагласи дека за утврдувањето на индентитетот на жртвите стручњаците користат примероци од ДНК обезбедени од семејствата на станарите и други луѓе за кои во моментов нема информации каде се наоѓаат.

Неколку блокови подалеку од местото на трагедијата верниците во неделата се собираат во блиската црква на бдеење за жртвите и молитви за исчезнатите, меѓу другото и за 11-годишно девојче чиешто цело семејство исто така се смета за исчезнато.

Градоначалникот на Сарфсајд, Чарсл Бакет, изјави дека се работи на тоа членовите на семејствата на исчезнатите да можат да пријдат поблиску до урнатините за да се молат за нивно спасување и да ги оплакуваат жртвите.

Снимките направени од воздух покажуваат дека на местото на несреќата е наоѓаат најмалку два големи крана и две машини ровокопачки. На прашањето дали од оперцијата на спасување ќе е мине на активности на санирање, градоначалникот Баркет негативно одговори.

„Иако на локацијата се наоѓа тешка механизација, тоа и натаму ќе биде акција на спасување. Нема да застанеме сѐ додека од урнатините не ги извлечеме сите станари“, порача Баркет.

Градоначалничката Левин Кава во неделата од кризниот штаб порача дека службите водат „многу отворени разговори“ со семејствата на исчезнатите за тоа дали постојат шанси да не бидат пронајдени нови преживеани.

„Пожарникарите и другите кои им даваат информации се многу директни во своето известување во врска со моменталната ситуација, и продолжуваат со потрагата. И натаму сите се надеваме дека ќе ги пронајдеме луѓето, но свесни сме дека пронаоѓаме тела, дури и делови од тела, така што се подготвуваат на тоа“, рече Левин Кава за локалниот весник The Miami Herald.
.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This