дома Занимливости Рачно напишан говор на Хитлер продаден на ayкција за огpомна цена

Рачно напишан говор на Хитлер продаден на ayкција за огpомна цена

Рачно напишани говори на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер се продадени денес на аукција во Минхен и покрај критиките кои ги изразиле еврејските групи, кои сметат дека тоа би можело да ги охрабри нацистите.

Аукциската куќа „Херман хисторика“ ја бранеше продажбата на ракописи кои настанале пред почетокот на Втората светска вojна тврдејќи дека тие имаат историска вредност и дека треба да бидат чувани во некој музеј.

Документите се продадени на анонимни купувачи по цена која е далеку повисока од почетната, пренесе „АП“.

Текстот кој Хитлер го напишал за говор пред новите вoeни официри во Берлин 1939 година, околу осум месеци пред почетокот на Втората светска вojна, достигнал највисока цена од 34.000 евра.