дома Македонија РАШКОВСКИ ИМ ПРАВЕЛ MOБИНГ: Советничката на Заев и уште 17 луѓе во...

РАШКОВСКИ ИМ ПРАВЕЛ MOБИНГ: Советничката на Заев и уште 17 луѓе во еден ден заминаа од Илинденска

Посебната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, во јавноста позната како новинар, но и пратеник, на сопствено барање си даде оставка на позицијата Посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство, дознава Вечер од извори во владата. Оставката стапила на сила на 1 ноември годинава. Во спогодбата за престанок на функцијата, владата ја обврзува Ленче Николовска дека не смее да изнесува, преставува, зборува на јавни настапи негативни информации за владата и нејзините членови по престанок на функцијата.

На истиот датум, уште 17 луѓе, некои од кабинетот на Премиерот и највисоките владини структури избегаа од Илинденска број 2. Според сознанијата на Вечер, сите овие 17 луѓе престанале да работат во органите на владата и си заминале. Причина за ваквиот масовен одлив на луѓе од Илинденска со датум 1 ноември 2019 е лошиот однос на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, велат нашите извори. Односно, законите, систематизациите и коефицинетите важат за едни, а за други важат само привилегии, патувања, службени автомобили, дневници и плата според непостоечки часови, односно поголема плата од бројот на денови во месецот.

И овие 17 луѓе се обврзани исто како Ленче Николовска – со писмен документ се обврзани да не изнесуваат негативни информации за владата во јавност.