дома Македонија РЕАКЦИЈА НА СМК ЗА ВЕЖБАТА НА КРИВОЛАК: Владата не смее да го...

РЕАКЦИЈА НА СМК ЗА ВЕЖБАТА НА КРИВОЛАК: Владата не смее да го претвори Криволак во гробница за Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја отфрла владината намера за претворање на воениот полигон Криволак во место за вежбовна стрелба на американската и НАТО-авијацијата.

СМК потсетува дека со НАТО-бомбардирањето на Србија и на ЈНА-инсталациите на Косово на само 20 километри од Скопје во 1999 година, Македонија веќе беше и остана трајно изложена на контаминација на просторот со графитна и радиоактивна прашина од масовната употреба на графитните бомби и бомбите со осиромашен ураниум.

СМК бара Владата да излезе со податоци од клиниките за хематологија и хемотерапија, и институтите за онкологија и јавно здравје, за движењето на малигните заболувања во Македонија по градови од 1990 година до денес, по вид и по години, поради алармантниот број на заболени и починати од канцер, леукемија и тироидна жлезда, еднакво на епидемија. За жал, ураниумот наменет за Белград, со катастрофални последици попрво пристигна во Скопје, Тетово, Куманово, Свети Николе…

СМК бара Владата да излезе со информација за локациите во Македонија каде што се исфрлани бомби со осиромашен ураниум од НАТО-авионите во 1999 година и за мерките што ќе ги преземе за нивна дислокација и уништување, меѓу кои езерото Мавровица кај селото Немањица од каде што вода пиеше цело Свети Николе, Липковското езеро од каде што вода пие цело Куманово, Мавровското езеро…

СМК бара итно стопирање на било каков владин проект што овозможува користење на воениот полигон Криволак за вежбовна стрелба на американската и НАТО авијацијата поради катастрофалните последици од таквата одлука по регионот, државата и нацијата!

СМК бара Владата да поднесе тужби против НАТО и земјите чии авиони учествуваа во бомбардирањето на Србија и Косово во 1999 година, со барање репарации поради контаминацијата на просторот и еко-системот и масовните малигни заболувања со смртни последици по жителите на Македонија!

__________________________________________
Неподелени се мислењата на воените експерти дека вежбовната стрелба на Криволак ќе создава облаци радиоактивна канцерогена прашина при секоја вежба на САД и НАТО авијацијата. Како пример се наведува американскиот јуришен авион специјализиран за уништување на тенкови А-10, со брзометен 7-цевен ротирачки топ 3мм GAU-8 што користи поткалибарна муниција со осиромашен ураниум PGU-14/B API. Осиромашениот ураниум се користи поради големата специфична маса која испукана со голема брзина лесно ги пробива и најдебелите оклопи. Осиромашениот ураниум сам по себе не е опасен, но при контакт со оклопот на метата се ослободува огромна температура и триење, при што се создава облак од есктремно канцерогена радиоактивна прашина. При инвазијата на Ирак 1991 година, голем број ирачки тенкови и оклопни возила беа уништени, а многу американски војници умреа од рак само затоа што поминале покрај овие уништени тенкови. И при бомбардирањето на Босанските Срби 1995 година и СР Југославија 1999 година, оваа муниција беше масовно користена. Последиците се очигледни, но властите ги сокриваат од јавноста и медиумите.