дома Македонија РЕАКЦИЈА ОД АВМУ: Најостро ги осудуваме заканите од страна на доскорешен член...

РЕАКЦИЈА ОД АВМУ: Најостро ги осудуваме заканите од страна на доскорешен член на Алијансата на Албанците упатени кон новинарката на ТВ 21

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон новинарката на ТВ 21 Алмедина Исмајли од страна на доскорешен член на Алијансата на Албанците.

Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Секој вид на напад, вклучително и вербалниот, на новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество.

Агенцијата во повеќе наврати досега има апелирано да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.