дома Русија РЕАКЦИЈА ОД МОСКВА ПО РЕФЕРЕНДУМОТ: Портпаролот на Путин, Димитриј Песков – Русија...

РЕАКЦИЈА ОД МОСКВА ПО РЕФЕРЕНДУМОТ: Портпаролот на Путин, Димитриј Песков – Русија очекува да се почитува законот во Македонија!

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

 

„Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите“, рече Песков во изјава за медиумите во Москва, пренесува ТАСС.