дома Политика Реакција од МПЗ „Тодор Александров“ во врска со провокациите на Красимир Каракачанов

Реакција од МПЗ „Тодор Александров“ во врска со провокациите на Красимир Каракачанов

Тодор Александров

Македонското Патриотско Здруженије „ Тодор Александров “ е против било каква бугарска, српска и грчка пропаганда и е со став дека сите револуционери кои се бореле за Независна Македонија се македонски револуционери и му припаѓаат на македонската историја, а Гоце Делчев е симболот на македонскиот непокор и е македонски револуционер кој својот живот го положил пред олтарот на македонското ослободително дело.

Тодор Александров

Ние сме за добрососедски односи со Бугарија и со сите наши соседи, но со тоа што Красимир Каракачанов и политичките кругови во Бугарија го негираат македонскиот идентитет само го провоцираат и понижуваат македонскиот народ, а на тој начин не можи да се градат добрососедски односи, тие напротив дополнително ги влошуваат. Македонскиот народ постои и тој факт никој не може да го негира. МПЗ „Тодор Александров“ е против било какво негирање на македонскиот идентитет и е против штетните договори со Грција и Бугарија се залага за заштита на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура. Бугарија има ист став како и Грција и тоа е многу жално и за тоа треба да се страмат бугарските политичари што денес постои еден заеднички грчко – бугарски заговор против Македонија и македонскиот народ за негирање на се што е македонско.

Ние Македонците сме посебен народ и тој факт, таа реалност односно вистина треба да ја прифатат и Бугарија, Србија и Грција. Во однос на српската пропаганда сметаме дека таа е многу силна и секогаш работела против македонските национални интереси на многу подол начин. Маѓутоа, Србија денес не е во таква позиција како Грција и Бугарија, бидејки не е членка на НАТО и ЕУ, поради што не може да не уценува и условува.

Доколку е во можност Србија односно српската пропаганда би делувала поагресивно и од бугарската и од грчката пропаганда. МПЗ „Тодор Александров“ во своите изминати активности ги чествуваше македонските револуционери, особено ги прикажуваше српските злосторства и асимилација врз македонскиот народ и борбата за слобода на македонското револуционерно движење помеѓу двете светски војни кои беа затскривани во поранешниот систем, но исто така големо зло направија и грчката и бугарска пропаганда.

Изминатиов период МПЗ „Тодор Александров“ претрпе низа внатрешни и надворешни потреси, поделби и удари од повеќе страни, но МПЗ „Тодор Александров“ останува на крајно македонски национални позиции и е против било каква српска ,грчка или бугарска пропагнада и се залага за заштита на македонските национални интереси. МПЗ „Тодор Александров“ е за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и е за економска, културна сорботка со Бугарија и со сите наши соседи но, Бугарија,Србија и Грција мора да ја признаат националната посебност на нас Македонците, а не да го понижуваат и негираат македонскиот народ и македонското малцинство кое постои и живее на нивната територија.

Да е вечно делото на големиот македонски великан Гоце Делчев кој е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш !!! Да живее Република Македонија и македонскиот народ !!!!!