РЕАЛИЗИРАНО УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ: Гевгелиската болница доби нов најсовремен мамограф

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Општата болница Гевгелија е набавен нов најсовремен дигитален мамограф, откако при последната работна посета, министерот за здравство Никола Тодоров вети дека ќе го реализира ова барање како една од најприоритетните потреби на болницата.

mamograf1

Тодоров денеска го посети Рендген одделението каде е инсталиран и ставен во функција современиот дигитален мамограф за преглед на дојки и рано дијагностицирање на рак на дојките.

– Министерството за здравство набави 11 мамографи, од кои еден е инсталиран во Гевгелија и денеска со задоволство констатирав дека тој веќе функционира неколку дена и дека првите пациентки добиле услуга, рече Тодоров.

Нагласи дека сега пациентките од општина Гевгелија оваа услуга ќе можат да ја добиваат во Општата болница каде исто така ќе може да се работи и на скрининг на рак на дојка која е многу значајна превентивна програма за рана детекција на ракот и овозможува навремено лекување и подобар третман на пациентките.

mamograf2

Мамографот, посочи Тодоров, чини преку седум милиони денари и е еден од најсовремените во државата кој во себе содржи компјутерска асистирана детекција која сериозно му помага на докторот нешто да не се пропушти при прегледот, односно му сугерира каде треба да го насочи вниманието при утврдување на резултатите. Ова значително ја олеснува неговата работа и придонесува нешто да не се пропушти при прегледот на пациентките.

Директорот на Општа болница во Гевгелија Сретко Јованов потенцира дека мамографијата е многу значајна медицинска гранка и со оглед на фактот дека гевгелиската болница опслужува 50.000 пациенти го изрази своето големо задоволство за одржаниот збор на министерот Тодоров за набавка на новиот мамограф во Гевгелија.

mamograf

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This