дома Спорт Реал ја стигна и надмина Барса по бројот на „Златни топки“

Реал ја стигна и надмина Барса по бројот на „Златни топки“

Со освојувањето на „Златната топка“ на Лука Модриќ, Барселона не е повеќе клуб која дава најмногу призанија во историјата на оваа престижна награда, која ја доделува „Франс фудбал“. Имено, „Златната топка“ на Лука Модриќ е 11-та награда за „кралевите“, исто колку што има и Барселона.

Модриќ е седми фудбалер на Реал Мадрид со вакво признание, по Ди Стефано, Копа, Фиго, Канаваро и Кристијано Роналдо. Барса има шест фудбалери кои освоиле 11 „Златни топки“, а следуваат Јувентус и Милан со по осум признание, распределени во шест фудбалери.

Сепак, вреди да се напомене дека двајца лауреати на Реал Мадрид, Роналдо и Канаваро освоија „Златна топка“, откако по освојувањето на Светското првенство, од Интер и Јувентус се преселија во Реал Мадрид.