дома Македонија РЕВАНШИЗАМ И ПРЕКУ ОКЕАНОТ: Владата ќе го разреши Џејсон Мико од позицијата...

РЕВАНШИЗАМ И ПРЕКУ ОКЕАНОТ: Владата ќе го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул

На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.

Како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“, каде се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“.