дома Социјални Мрежи РЕВИДИРАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР: Димитар Димовски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ најави...

РЕВИДИРАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР: Димитар Димовски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија на Рамковниот договор!

Членот на извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски на својот Твитер профил најави дека во Македонија е потребно спроведување на итен попис во кој ќе има вклучено етничка графа, стопирање на законот за двојазичност и носење во легална процедура, но и ревизија на Охридскиот рамковен договор

На @Bujar_O, но и на ДУИ и СДС (без М), треба да им биде јасно дека законот за употреба на јазиците не поминува, и за тој криминал ќе одговараат. И пописот нема да може да се спроведе без графа за етничка припадност. И, да. Време е за ревидирање на Охридскиот рамковен договор. – напиша Димовски на својот Твитер профил.