дома Македонија РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ВМРО: Бугарски „Бгнес“ со текст за тужбата...

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ВМРО: Бугарски „Бгнес“ со текст за тужбата на Уранија Пировска и Спасовски против Филип Петровски!

Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски беше на распит во обвинителството во Скопје поради негов став објавен на Твитер. Жалбата е поднесена од раководителот на местниот нелегитимен Хелсиншки комитет Уранија Пировска и од тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски – пишува бугарски „Бгнес“ и додава дека десната рака на Заев се обидува да го заплаши Филип Петровски, кој пак ги разоткри ѕверствата направени по 1945 година во Македонија

Се работи за пост на социјалната мрежа во кој е објавена снимка од предизборен митинг во Прилеп каде што се споменуваат историски личности од ВМРО. Благодарение на Филип Петровски на крајот на минатата година за прв пат беа откриени ѕверствата по 1945 година, извршени од југословенската државна безбедност на диктаторот Јосип Броз Тито – пишува бугарски „Бгнес“. Од откриеното станува јасно дека во Македонија во последните 60 години во Македонија биле следени 136.800 луѓе.

Лицето кое го гони Филип Петровски, Оливер Спасовски се смета за најдоверливиот човек на Зоран Заев, се вели во текстот на бугарски „Бгнес“. Неговото име се споменува и за претседател на Собранието, а потоа да го отстапи за претседател Албанец.

За недемократските притисоци врз ВМРО пишуваат сите регионални медиуми, особено по притисоците врз ТВ Нова, тужбата против Петровски поради став искажан на Твитер, но и по пораките од Могерини и Јоханес Хан, кои директно ги диктираат одлуките кои треба да ги донесе Македонскиот државен врв.