дома КОВИД-19 (Коронавирус) Регистрирани 37 нови случаи на ковид 19, починаа 6 пациенти

Регистрирани 37 нови случаи на ковид 19, починаа 6 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.