дома Свет Регистриран земјотрес од 5,9 степени во источниот дел на Индонезија

Регистриран земјотрес од 5,9 степени во источниот дел на Индонезија

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија.

Како што соопшти индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ), епицентарот на потресот се наоѓал на 130 километри југозападно од молучкиот остров Тернате.

Засега нема информации за евентуални жpтви и предизвикани материјални шт ети.