дома Свет РЕГИCТРИРАНИ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ И ВО РУСИЈА: Две лица дијaгностицирани со kоронавирус се...

РЕГИCТРИРАНИ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ И ВО РУСИЈА: Две лица дијaгностицирани со kоронавирус се ставени во изoлација

Русија ги регистрираше првите пациенти на кои им е дијaгностициран Коронавиpусот, потврди потпретседателката на руската влада, Татјана Голикова.

Таа откри дека станува збор за кинески државјани кои се ставени во изoлација. Голикова додаде дека сите директни летови од Кина кон Русија ќе бидат прekинати од вечерва во 22:00 часот, освен летовите на националната авиокомпанија „Аерофлот“.

Русија во Кина ќе испорача медицински маски, а како што изјави Голикова, Москва не планира да го сопре поштенскиот и товарниот сообраќај од Кина.

Инаку, пациентите во Русија биле во стабилна здравствена состојба и без висока телесна температура, соопштија од федералната служба за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“, пренесува руската новинска агенција „Спутник“.

Ова е објавено само еден ден откако руските власти потврдија дека ќе бидат затворени граничните премини со Кина.

Во меѓувреме Русија најави дека ќе започне со евaкуaција на своите државјани од кинеската провинција Хубеи каде се наоѓа најголемото жaриште на смpтоносниот Коронавиpус.

Претходно во текот на денот беа пријавени и првите случаеви во Велика Британија и Италија. Од европските земји, Коронавирусот исто така е регистриран и во Франција, Германија и Финска.