дома Македонија РЕГУЛАТОРНА СООПШТУВА: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од...

РЕГУЛАТОРНА СООПШТУВА: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од следната недела

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат следната недела.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 денари/литар и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, додека на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар/литар и изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,894 ден/кг.