Регулаторна со добри и лoши вeсти: Pecтрикции ќе нема, струјата ќе пocкапи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во владата уверуваат дека поскапувањето на струјата нема да биде поголемо од 20 проценти, но сепак крајниот збор ќе го има Регулаторната комисија. Енергетските компании треба да достават пресметки за трошоци, по што регулаторите треба да одлучат колку од тие трошоци ќе им признаат, пренесува РСЕ.

Претседателот на РЕК Марко Бислимоски вели дека тие ќе ги намалат или целосно ќе ги укинат маржите или профитите на енергетските компании за поскапувањето на струјата на граѓаните да биде што помало.

Бислимоски е дециден дека никакви нови вработувања нема да влијаат на цената на струјата.

„Со одлуката којашто ја донесовме во јуни 2021 година, бројот на вработени во МЕПСО како државна компанија е замрзнат на таа бројка од 2018 година. “, вели Бислимоски.

Македонија на 9 ноември прогласи енергетска криза.

Бислимоски уверува дека рестрикции не се опција, зашто нема да го решат проблемот, туку ќе направат уште поголем. Дури тогаш ќе се распадне системот, вели тој.

„Според мене, тоа не е опција поради тоа што снабдувачите коишто ги снабдуваат потрошувачите кои се на слободниот пазар, ако некој им прави рестрикции, таа електрична енергија што ја плаќаат однапред нема да може да ја наплатат од своите потрошувачи. Кај нас негде над 50 проценти од пазарот на електрична енергија е либерализиран и снабдувачите, кога ќе видат дека таа електрична енергија којашто ја платиле нема да можат да ја наплатат, ќе ги раскинат договорите со сите потрошувачи, и таа електрична енергија, наместо во Македонија, ќе заврши во соседните земји, и тек тогаш ќе имаме проблеми“, вели тој.

По набавката на јаглен и мазут, сега во функција е ставена и термоцентралата Осломеј, а од наредната недела и Теремоелектраната ТЕЦ Неготино, а работат и два блока во Рударско Енергетскиот Кп,бонат РЕК Битола. Властите уверуваат дека со тоа ќе бидат задоволени потребите за струја во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This