дома Македонија РЕЖИМОТ НА ДЕЛО: Заев ќе ја менува Комисијата за заштита од дискриминација,...

РЕЖИМОТ НА ДЕЛО: Заев ќе ја менува Комисијата за заштита од дискриминација, бидејќи ја критикувале судијката Кацарска!

Најавата за смена на независната Комисија за заштита од дискриминација од страна на СДСМ е порака на СДСМ до судиите, обвинителите, администрацијата, цариниците, даночниците, инспекторите, синдикатите, коморите, регулаторните тела, па и приватниот сектор, како и други институции, што може да ги снајде ако размислуваат со своја глава, ако одлучуваат по закон и ако работат професионално. Ова е докршивање на кичмата на судството и на другите независни институции и регулаторни тела.

Да беше сега амбасадор на ЕУ Ерван Фуере и да го направеше ова ВМРО-ДПМНЕ, веќе ќе имаше реакција од Брисел. Но бидејќи улогите се променети, СДСМ сега може отворено да им се заканува на независните институции и да ја реализира таа закана, и притоа да нема никаква реакција, а уште помалку последици.

На СДСМ му е дозволено да прави што сака: да менува независни регулаторни тела и државни комисии без критериуми, да бидат најкорумпирана власт досега во Македонија, да апсат и по потреба ослободуваат опозициски пратеници, да го затвораат поранешниот водач на ВМРО-ДПМНЕ без никаква вина и заради лични хирови, да унапредуваат и разрешуваат судии и обвинители незаконски и по партиска заслуга, масовно да ја полнат администрацијата со партиски активисти кои денгубат по цел ден низ владините кабиненти на државна сметка, и уште што ли не.
Зошто?
Затоа што прифатија да го сменат името и идентитетот на Македонија, како што сакаше Грција. Затоа и се донесени на власт, затоа и им се помага, и затоа меѓународната заедница ги остава да прават што сакаат.

Но затоа пак народот реагира и сѐ повеќе се охрабрува да се спротиставува.
Вечерва во 19 часот група граѓани организирани преку фејсбук ќе се соберат на мирен граѓански протест против политичкиот прогон на Никола Груевски.