дома Социјални Мрежи РЕЗИЛ: Асфалтирале 20 метри квадратни, направиле исто толку фотографии, фали уште музика...

РЕЗИЛ: Асфалтирале 20 метри квадратни, направиле исто толку фотографии, фали уште музика и чочек

Општина Демир Хисар се пофали дека извршиле санација и асфалтирање на делови од улици во градското подрачје.

Оваа акција би била за поздравување доколку не стануваше збор за цели 20 метри квадратни за кои се изработени и фотографии. И тоа ни помалку ни повеќе него по една фотографија на метар квадратен асфалтирана дупка.

Задоволството на граѓаните можете да го приметите во коментарите на споделената информација на официјалната фан страна на општина Демир Хисар.