дома Македонија РЕЗИЛ ВО СУДНИЦА: СЈО се посрамоти во судот – наместо за „Титаник“...

РЕЗИЛ ВО СУДНИЦА: СЈО се посрамоти во судот – наместо за „Титаник“ Бубевски ги помешал документите со друга постапка!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска дојде во Апелација, каде на јавна седница треба да се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“.

Во аргументацијата на жалбата обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски ги помеша постапките, говорејки за случајот „Титаник“ користеше аргументи кои сакале да ги приложат во други постапки.

Од адвокатот на одбраната Дрангов, тоа беше искоментирано дека ова е уште еден доказ за правниот хаос кој го прави Специјалното јавно обвинителство.

Тој цитираше пресуди и постапки од Судот во Стразбур и Судот за човекови права, каде во слични случаи на овој, никогаш не биле предвидени ниту притвори, ниту пак одземање на пасоши.

Одбраната има цврсти докази дека предметот е неоснован.