дома Македонија РЕЗИЛ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Самка Ибраимоски и Артан Груби тема за потсмев...

РЕЗИЛ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Самка Ибраимоски и Артан Груби тема за потсмев на „Еуроњуз“

Европскиот информативен медиум „Еуроњуз“ се исмева со македонските пратеници кои за време на гласањето на недоверба за владата. Насловот на веб страната на „Еуроњуз“ гласи „Пратениците гледаа фудбал додека владата се справуваше со гласање недоверба.

Во понатамошниот дел од веста, Еуроњуз пишува:

-Ова е моментот кога пратениците во ПЈР Македонија беа фотографирани како гледаат Лига на шампионите во парламентот. Овој настан се случи за време на продолжената седница на која опозициска партија побара гласање за недоверба на владата. Поранешниот министер Самка Ибраимоски и пратениците од Демократската унија за интеграција беа видени како го натпреварот на Реал Мадрид против Јувентус.

Меѓудругото Еуроњус го контактирало Самка Ибраимоски за коментар, но не пишува дали тој бил достапен или не и дали воопшто дал некој понатамошен коментар.