дома Македонија РЕКЕТАРИТЕ НА ЗАЕВ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ СО НАРОДНИ ПАРИ: Скандал тежок 2.6...

РЕКЕТАРИТЕ НА ЗАЕВ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ СО НАРОДНИ ПАРИ: Скандал тежок 2.6 милиони евра за приватно обезбедување, за фирми блиски до Заев!

Откако низа копрупциски скандали вредни 45 милиони евра ја потресоа македонската јавноста, сега се повеќе и повеќе се говори за тендерот вреден 2.6 милиони евра за обезбедуање на државни објекти. Дел од условите на тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизираат одредени фирми, пренесе телевизија Телма.

Клучен услов за тендерот е компанијата да има 350 вработени со службени легитимации од Комората за обезбедување иако во тендерот се бараат само 157 обезбедувачи. Клучно е што со ваквата клаузула во тендерот се дискриминираат одредени економски оператори иако Законот за јавни набавки бара еднаков третман на фирмите.

Покрај овој дискриминирачки услов во тендерот се бара фирмата да има во последните 3 години, барем 2 договори за физичко обезбедување со најмалку 70 лица, за што фирмите за обезбедување велат дека многу мал број компании го исполнуваат овој услов. Познавачи на бизнисот со обезбедување велат дека и условот за поседување на 70 парчиња оружје дополнително го стеснуваат изборот, бидејќи минатата година само 3 агенции за обезбедување го исполнувале овој услов.

Очигледно е дека ова е уште еден корупциски скандал во најава, со кој ќе се исплатат рекетарите и тепачите со парите на граѓаните. СДСМ со ваквото однесување повторно ја потценува македонската јавност и ја навредува интелигенцијата на целиот народ.