дома Занимливости РЕКЛАМА КОЈА ЌЕ ВЕ ВРАТИ ВО МЛАДОСТА: Урнебесна реклама за возилото што...

РЕКЛАМА КОЈА ЌЕ ВЕ ВРАТИ ВО МЛАДОСТА: Урнебесна реклама за возилото што ги одбележа 70-те години на минатиот век!

Ретко кој во некогашна Југославија не се возел во популарниот и најдолговечен модел „Застава 101“.

Популарното возило настанало на база на „Фијат 128“ со малку изменет заден дел, односно петта врата.

Започнува да се произведува на 15 октомври 1971 година, а последниот автомобил од оваа марка е приоизведен на 20 ноември 2008 година. Произведени се повеќе од милион примероци.

Милионитиот 101 е произведен во 1991 година, а рекордното годишно призводство било во 1979 година кога се произведени 88.918 примероци.