дома КОВИД-19 (Коронавирус) Рекорден број на нови случаи во Јапонија, прогласена вонpeдна состојба во делови...

Рекорден број на нови случаи во Јапонија, прогласена вонpeдна состојба во делови од земјата

Јапонија денеска потврди нов рекорден број на случаи на коронавирус што е повеќе од 25.000, што е можеби мал број во земја каде тестирањето за вирусот не е распространето.

Министерството за здравство на Јапонија објави вкупно 25.141 новозаразени, од кои се потврдени уште 1.223 случаи, пренесува АП.

Поголемиот дел од Јапонија, вклучително и Токио, е во вонредна состојба и земјата има регистрирано повеќе од 15.500 смртни случаи од почетокот на пандемијата.