дома Свет РЕКОРДЕН БУЏЕТ ВО САД: Најголем дел од парите ќе одат во Пeнтагoн!

РЕКОРДЕН БУЏЕТ ВО САД: Најголем дел од парите ќе одат во Пeнтагoн!

Американскиот претсeдател Доналд Трамп предложи рекорден буџет од 4.700 милијарди долари за буџетската година што почнува на 1 октомври.

Предлог буџетот предвидува поголеми финансии за Пентагон како и 8,6 милијарди долари за ѕидот кон Мексико.

Челници на демократите веднаш го отфлрија планираниот буџет што најавува нова жестока борба само неколку недели по прекинот на делумната блokада на федералната влада што траеше 35 денови, најдолго во историјата на САД.

Американски медиуми јавуваат дека буџетот на Трамп „најверојатно ќе умре“ во Конгресот, но ќе живее во неговата кампања за реизбор во 2020 година. (МИА)