Рекордер – со 4,14 промили алкохол во крвта летал по автопатот Скопје-Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници ноќва сопреле пијан возач, кој на автопатот Скопје-Куманово, кај фабриката на „Ванхул“, возел со алармантно високо ниво на алкохол во крвта.

Полицијата го сопрела ноќеска, во 2.58 часот. Му биле забележани 4,14 промили алкохол во крвта.

Oд МВР соопштуваат дека во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This