дома Европа Рекордна стапка на новозapaзени во Германија

Рекордна стапка на новозapaзени во Германија

Social distancing sings are displayed outside a Christmas stall on Breitscheidplatz square at the Kaiser Wilhelm Memorial Church in Berlin, Germany, November 23, 2020. REUTERS/Hannibal Hanschke

Стапката на зараза со коронавирус во Германија, според бројот на нови случаи на 100.000 жители во последните седум дена, денеска достигна 201,1, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата, објави референтниот институт Роберт Кох.

Последната највисока стапка на зараза на 100.000 жители, измерена во текот на седум дена, е забележана на 22 декември 2020 година – 197,6.

Иако денеска се вакцинирани повеќе луѓе, стапката на вакцинација во Германија стагнира под 70 отсто, а властите во последните денови апелираа населението да се вакцинира.

„За невакцинираните постои голем ризик да се заразат во наредните месеци“, предупреди во средата шефот на институтот Роберт Кох Лотар Вилер, пренесува Бета-Франс прес.

Во источната покраина Саксонија, каде стапката на инфекција достигна двојно повеќе од националниот просек, со 491,3 заразени лица на 100.000 жители, од денеска се воведуваат нови ограничувања за невакцинираните.

Пристап до ресторани и настани во затворен простор ќе имаат само вакцинирани лица или оние кои имаат доказ дека го поминале Ковид 19.

Ова се најтешките мерки воведени на национално ниво против невакцинираните лица. Ослободени се само децата и лицата кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.