дома Свет РЕПОРТАЖА ПОД СНАЈПЕРСКИ ОГАН: Руски новинари го сними Алепо на нишан на...

РЕПОРТАЖА ПОД СНАЈПЕРСКИ ОГАН: Руски новинари го сними Алепо на нишан на ИСИС и Ал Нусра!

Снајперисти на Исламска држава и Ал нусра фронтот ги гаѓаат цивилите кои се обидуваат да избегаат од источниот дел од Алепо, кој е под контрола на бунтовниците и исламистичките терористи, тврдат локалци за руската телевизија Раша тудеј. Руската телевизиска екипа ја снимила првата линија на фронтот во разурнатиот град и снимките ги прикажуваат мрачните услови на животот таму.

Алепо, некогаш втор најголем град во Сирија и финансиски центар, сега е најстрашно погодениот град во земјата разурната од граѓанската војна. Тој е поделен меѓу владините сили, опозицијата и терористички групи, вклучувајќи ги Исламска држава (ИСИС, Даеш) и Ал нусра фронтот, сириската гранка на Ал каеда.

Снимките направени од пункт на сириската војска го прикажуваат источниот дел од Алепо кој е под контрола на исламистите. Можат да се видат и знамињата на ИСИС и Ал нусра како се веат на разрушените згради.

Исламистите не дозволуваат никој да избега од источно Алепо преку контрола на 300-метарската ничија земја, бришан простор надгледуван од снајперисти, велат локални жители за РТ.

„Има повеќе коридори за евакуација на цивилите од нашата страна на градот, и дел од луѓето успеваат да избегаат“, вели еден човек, припадник на сириската армија. „Но снајперистите пукаат во цивилите кога ќе ги забележат. Не им дозволуваат да избегаат“.

Тој додава дека исламистите претходно им дозволувале на цивилите да го напуштат источно Алепо, но дека нештата набрзина се смениле – сега милитантите пукаат во секого кој ќе се обиде да помине.