дома Балкан Република Српска со закон ќе ја штити кирилицата како културна сопственост од...

Република Српска со закон ќе ја штити кирилицата како културна сопственост од исклучително значење

Владата на Република Српска денеска го одобри Предлог -законот за заштита, зачувување и употреба на јазикот на српскиот народ и кирилицата, по итна постапка, со кој се регулира системот на заштита, зачувување и употреба на јазикот на cрпскиот народ и кирилицата во Република Српска како нематеријално културно наследство, односно културна сопственост од исклучително значење.

Донесувањето на овој закон обезбедува заштита и зачувување на јазикот на српскиот народ и кирилското писмо како нематеријално културно наследство и обезбедува негово пренесување на идните генерации во неговата оригинална форма, а исто така обезбедува ширење на знаење за вредностите и значење на српскиот јазик и кирилицата.

Со него се регулира системот на заштита и зачувување на јазикот на српскиот народ и кирилицата, како и обврската да се користи стандардизирана форма на јазикот на српскиот народ и кирилицата кога се користи во правните трансакции, пренесува РТРС.