дома Македонија Рестораните за свадби ќе добијат грантови од 3.000 до 10.000 евра

Рестораните за свадби ќе добијат грантови од 3.000 до 10.000 евра

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција го промовираше четвртиот сет на економски мерки.

Меѓу мерките се наоѓаат и грантови од 3.000 до 10.000 евра за рестораните за свадби.

„Поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност во вкупна вредност од еден милион евра. Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година“, додаде Зоран Заев.