дома Актуелно РЕФЕРЕНДУМОТ СО СЕ ПОЛОША ПЕРСПЕКТИВА: Заев не успеал да го убеди Мицкоски...

РЕФЕРЕНДУМОТ СО СЕ ПОЛОША ПЕРСПЕКТИВА: Заев не успеал да го убеди Мицкоски да повика на гласање за референдумот!

Опозициската партија останува на истиот став за референдумот, а ако истиот биде консултативен нема да ги признае резултатите.

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денес изјави дека тие ставот го повториле неколку пати и остануваат на истиот.

„Ставот е ист како оној на лидерската средба нема никакво помрднување, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постојат консултации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта околу референдумското прашање и за карактерот на референдумот.

На последната лидерска средба, Мицкоски рече дека со власта се разидуваат во мислењата за тоа како треба да гласи референдумското прашање на кое граѓаните ќе треба да се произнесат. Имено, Мицкоски бара прашањето да биде еднозначно, додека Заев предлага прашање составено од три други потпрашања. Предлог, кој меѓу другото е и противуставен.