дома Македонија РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ ПРОТИВУСТАВЕН: Прашањето на референдумот ќе биде тоа што го...

РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ ПРОТИВУСТАВЕН: Прашањето на референдумот ќе биде тоа што го најави Заев!

Прашањето за референдумот ќе биде тоа што го кажа премиерот Зоран Заев и нема отстапки, па дури и ВМРО-ДПМНЕ да се согласи активно да учествува, објави „Независен весник“.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Како што пишува весникот, според високи владини функционери, в понеделник ќе се одржи собраниската седница на која ќе се очекува закажување на референдумот на 30 септември. Според нив, продолжуваат контактите меѓу тимовите на Заев и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се остава простор за договор, но и да не дојде до тоа, референдумот ќе се оддржи и без учество на опозицијата.

Во врска со референдумското прашање, премиерот Зоран Заев ја наведе формулацијатата: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“. ВМРО-ДПМНЕ посакуваше референдумско прашање кое ќе се однесува исклучиво на договорот за името.