дома Македонија РЕФЕРЕНДУМ ВО ПРАЗНО: Никој, никогаш нема издадено концесија за изградба на рудник...

РЕФЕРЕНДУМ ВО ПРАЗНО: Никој, никогаш нема издадено концесија за изградба на рудник на Кожуф!

Би сакал да ја поздравам одлуката на гевгеличани и тоа е нивно уставно право кое е гарантирано што се изјаснија на референдумот во Гевгелија, меѓутоа сакам и да потенцирам дека во платот на работењето на Министерството на економија и на Владата ние никогаш немаме ни планирано таму рудник бидејќи и немаме издадено концесија, изјави Христијан Делев заменикот министер на економија.

-До нас нема стигнато ниедно барање од ниедна компанија за градење рудник ниту пак до министерството за животна средина, вели Делев.

За рудникот во валандовскиот регион Казандол веќе е издадена концесија и веќе рудникот е во поодмината фаза на градба, според Делев министерството прави дневен мониторинг во текот на градбата на рудниците, а потоа најавува и целосен мониторинг на сите активности.

-Не се сите тие тврдења дека рудникот во Валандово ќе загадува, бидејќи технологијата не е таква, до нас беше доставена најмодерна технологија која што се применува во самата фаза на изградба, но и понатаму во сите тие заштедни и одбранбени механизми што се предвидени во рамките на тој рудник, една остапка да има ние имаме право тој технолошки процес да го заоставиме и да не продолжи со работа, истакна Делев.

Денеска компанијата која планира да вади бакар пред медиумите презентираше план за зачувување на животната средина, велат дека ќе работат според најмодерни технологии.