Проблемот на повишениот крвен притисок и шеќер во крвта денес мачат голем дел од светската популација.
Покрај медицинската терапија, во зависност од тежината на состојбата, луѓето со тек на времето успеале да откријат и природни методи кои можат да помогнат во стабилизацијата на наведените состојби.
Денес го пренесуваме рецептот на една баба (75) од Русија, која нивото на шеќерот и крвниот притисок го одржува под контрола со помош на – кромид, и вели дека нејзината крвна слика е подобра отколку кај младите!
Подготовка: Секое утро варете неколку главички кромид (околу 300 г.) со 250 мл вода. Нека вари 8-10 минути. Течноста поделете ја на три дела и секоја пијте ја половина час пред појадок, ручек и вечера.
Третманот се применува 10 дена без прекин, па затоа е потребна пауза од 10 дена, и така 6. месеци.
Овој природен лек ќе ви ја даде потребната „доза” од железо, калциум, цинк, манган и кобалт.
Бидејќи расте под земја, кромидот, исто така, изобилува со природни есенцијални масла, како и со фитинска киселина, за која се покажало дека ги уништува бактериите во белите дробови.
Водата од кромидот е корисна за чиреви, проблеми со дишењето, а исто така помага да се спречат бактериски инфекции.
Забелешка: Пред да користите природен лек, консултирајте се со вашиот лекар.