Реџепи: Ја криев одлуката да не најдат друг пратеник кој ќе гласа против оваа влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Кастриот Реџепи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 откри зошто ја криел одлуката да се премисли, и да не гласа против владата, што предизвика многу бура во јавноста.

Реџепи открива дека ја криел одлуката за да може да не најдат друг пратеник кој ќе гласа против оваа влада, и со тоа ја „спасил“ владата.

„Потписите ги дадовме за да падне владата. Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор, имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и заминавме дома. Кога стигнав дома гледам слика со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење откако видов дека ова не оди на добро. Сам донесов одлука, а почнав да се консултирам и со пријатели. Се консултирав и со странци“, рече Реџепи и додава:

„Чекајте луѓе, потоа почнаа многу работи да ми се враќаат во глава – прво 27 април, второ дали ВМРО-ДПМНЕ јасно се изјаснија за Преспанскиот договор, потоа ми текна дека Левица се анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирани, и си велам оваа работа не ја бива. Јас ја донесов одлуката дека нема да гласам за рушење на владата, но не кажав никому. Не зборев со никого, ја криев одлуката. Ја криев затоа што знаев дека ќе најдат друг пратеник кој ќе гласа против оваа влада“, вели Реџепи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This