Рикер си заминува на негово место доаѓа Карен Донфрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет месеци по инаугурацијата на Џо Бајден, Стејт департментот го доби новиот функционер одговорен за Европа и Азија. Сенатот со 73 гласа наспроти 26 ја одобри номинацијата на Карен Донфрид за помошник државен секретар за Европа и Азија. На ова место досега како вршител на должноста беше Филип Рикер.

Нејзиното сослушување во Сенатот беше уште во јулуи. Таа тогаш зборуваше за улогата на сојузот со Европа во справувањето со глобалните предизвици на 21 век.

Силата на американските сојузи е едно од нашите најголеми средства, без разлика дали се соочуваме со пандемијата на Ковид-19, економска или социјална нееднаквост, климатски промени, корупција, закани за енергетска безбедност, агресивна Русија, сѐ понаметлива Кина, сајбер закани или технолошка конкуренција, САД се најефикасни кога соработуваме со нашите сојузници. Европа е дом на многу наши најблиски сојузници и партнери – истакна тогаш Донфрид.

Државниот секретар Ентони Блинкен ја објави конфирмацијата на Донфрид на Твитер, наведувајќи дека му е драго што во тимот ќе има личност со толку големо искуство. Заменик на Донфрид е Габриел Ескобар, кој е и пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Донфрид е поранешнa врвнa советничка за Европа во Белата куќа на Барак Обама до 2014 година.

Во Стејт департментот Донфрид доаѓа од местото претседател на Германскиот Маршалов фонд. Тоа е непрофитна организација, која е посветена на јакнење на трансатлантските врски низ политички анализи и образување на политички лидери. Седиштето на Фондот е во Вашингтон, а има бироа во повеќе европски градови. Донфрид е претседателка на Германскиот Маршалов фонд уште од 2014 година.

Пред тоа како постар директор за европски работи во Советот за национална безбедност беше главна советничка на претседател Обама за развојот и имплементацијата на европската политика на таа администрација. Пред да дојде во Белата куќа Донфрид беше разузнавачки офицер во Советот за национално разузнавање, што е центар за стратегиско мислење. И таму нејзината работа беше поврзана со Европа. Неколку години работеше и во Стејт департментот. Донфрид течно зборува германски.

Според американските медиуми, главната задача на Донфрид ќе биде обновување на трансаталнтското сојузништво меѓу САД и Европа, што беше нарушено за времето на Трамп. Кога Бајден летово разговараше телефонски со Ангела Меркел беше посебно нагласено дека Западен Балкан ќе биде во фокусот на интересирањето на администрацијата, па искусната аналитичарка и креатор на политики, Карен Донфрид треба да одигра клучна улога.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This