дома Занимливости РИЈАНА ЈА ОБОЖАВА: Има 92 години и 3 милиони следачи на Инстаграм

РИЈАНА ЈА ОБОЖАВА: Има 92 години и 3 милиони следачи на Инстаграм

Рун вут Винкл има своја козметичка колекција, дури 3 милиони луѓе го следат нејзиниот живот преку Инстаграм, а Ријана и Мајли Сајрус се нејзини фанови.

Запознајте ја 92-годишната баба, која моментално е најголема интернет сензација. Пред славата која ѝ се случила во 2014-та година, оваа баба живеела нормален живот во градчето Кентаки.

Имала мала фарма, се грижела за правнуците, ја одржувала градината и секоја недела одела во црква. Еден ден нејзината правнука ја фотографирала во кратки панталони и маица и ѝ помогнала да отвори Инстаграм профил.

„Отсекогаш бев бунтовник, па така дојдов до корисничкото име Беди Винкл“, рекла таа.
Нејзината прва објава набрзо станала вирална, а бројот на следачи се зголемувал од ден на ден. Социјалните мрежи ги освоила со своите весели и шарени модни комбинации и со ставот дека за ништо не ѝ е грижа.

Иако нејзиниот стил може не му се допаѓа секому, тешко е да се негира фактот дека нејзината самодоверба е инспиративна.