дома Социјални Мрежи Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца се шири на ТикТoк

Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца се шири на ТикТoк

Претседателот на истражниот комитет на Руската Федерација Александар Бастрикин издаде наредба за организирање истрага за ширење на информации на социјалната мрежа Тикток што ги охрабрува децата да извршат самоубиство, информира прес-службата на Комитетот.

Пред-истражната проверка на ваквите факти треба да ја спроведе Главната дирекција за истраги, која, соодветно, треба да преземе сеопфатни мерки насочени кон навремено сузбивање на незаконски дејствија и да ги идентификува сторителите, се вели во соопштението на Министерството.

Според Комитетот, во последните денови од февруари, на социјалните мрежи почнале да се шират видеа и информации, кои ги охрабруваат децата да извршат голем број активности што не биле безбедни за нивните животи.