дома Свет Ролс Ројс ќе гради нуклеарни централи низ Велика Британија?

Ролс Ројс ќе гради нуклеарни централи низ Велика Британија?

Автомобилската компанија Ролс Ројс најави планови да изгради 16 мини-нуклеарни централи низ Велика Британија.

Според нив, проектот ќе создаде околу 6,000 работни места низ северниот дел на Англија во наредните пет години.

Се очекува дека премиерот Борис Џонсон ќе најави околу 200 милиони фунти инвестиции за проектот како дел од долго оддолжуваниот зелен план за економско закрепнување.

Ролс Ројс расправа дека покрај намалувањето на загаденоста и чиста енергија, концептот може да стане и извозна индустрија.Наместо да се градат проекти со огромни реактори, помалите централи би се изработиле како модули во фабрики.