дома Македонија РОМИТЕ ПРВИ ЌЕ ЈА ПЛАТАТ ЦЕНАТА НА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Гинекологот во Шуто Оризари...

РОМИТЕ ПРВИ ЌЕ ЈА ПЛАТАТ ЦЕНАТА НА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Гинекологот во Шуто Оризари не знае македонски, ќе ги лекува пациентите со преведувач!

Шуто Оризари конечно доби гинеколошка ординација, која иако беше ветена дека ќе се отвори во првиот месец од работата на Таравари, се отвори по завршувањето на 100-те дена на новата влада

Она што пак ги загрижува жителите на Шуто Оризари е фактот што докторката која ќе работи во гинеколошката ординација не го знае македонскиот јазик, а пациентите ќе ги лекува со помош на преведувач, кој во исто време ќе биде и медицинска сестра.

Жителите се загрижени, дека ова може да биде и причина за несоодветно лекување од страна на гинекологот.

Досега, во јавното здравство докторите мораа да го знаат официјалниот јазик, за да можат да работат во болниците и здравствените установи, но со законот за двојазичност кој го предлага СДС, лекарите, судиите, полицијата и сите останати државни службеници нема да имаат обврска да го знаат македонскиот јазик, а во случај некој да не го знае албанскиот тогаш ќе следуваат и парични казни за службеникот.