дома Спорт РОНАЛДО: Имам завршено само шесто одделение, не се разбирам од даноци, им...

РОНАЛДО: Имам завршено само шесто одделение, не се разбирам од даноци, им верувам на советниците

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо на судијата му кажал дека не се разбира од даноци бидејќи имал завршено само шесто одделение, но им верувал на советниците.

Португалецот оваа недела се појави на суд под обвинение дека ги прикрил приходите од имиџ правата и затаил 14,7 милиони евра данок.

Медиумите откриваат детали од исказот на Кристијано Роналдо, ЦР7 на судијата му кажал дека во Англија никогаш немал вакви проблеми, па размислува за враќање на „Островото“.

Тој исто така се правдал дека има завршено само шесто одделение, знае само фудбал да игра, па им верува на советниците и е убеден дека тие не му давале погрешни совети.

„Во 2014 платив сè“ – рекол Роналдо. „Не разбирам ништо од ова“.

„Имам завршено само шесто оделение, и знам само како добро да играм фудбал“.

„Кога моите советници ќе ми кажат „Крис, сè е во ред“, им верувам“.

„Си плаќам данок, сакам да бидам чесен и секогаш плаќам данок. Им верувам на моите советници, тие се најдобри. Ги плаќам солидно, па тие добро си ја вршат работата и сè оставам во нивни раце“.