дома Македонија РОСОКЛИЈА СО ПОРАКА: Нè  носат на кланица, а ние (мнозинството) очекуваме подобар живот

РОСОКЛИЈА СО ПОРАКА: Нè  носат на кланица, а ние (мнозинството) очекуваме подобар живот

Државата не постои, нацијата ја бришат, пишува професорот Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил.

Тој анализира дека Заев и тие околу него купуваат време (месеци), давајќи им на сите (коалициони партнери и соседни држави) сè што ќе побараат.

-ДУИ се позиционира за поделба на територијата и за (одработен) статус на неговото лидерство во Голема Албанија. МПЦ е веќе етаблирана како БПЦ и свештенството ќе ги задржи своите позиции во делот што ќе се припои кон Бугарија. Амбасадорите под чии диктат се случува сево ова, ќе се пензионираат како милионери. Историјата што во последните 100-тина години ја создававме како Македонци ќе стане фуснота во бугарската и албанската историја. Нè  носат на кланица, а ние (мнозинството) очекуваме подобар живот, пишува професорот Росоклија.