дома Социјални Мрежи РУЖИН ЈУНИОР ГО КРИТИКУВА ЗАЕВ: Му се смееле ВМРОВЦИ, затоа што Заев...

РУЖИН ЈУНИОР ГО КРИТИКУВА ЗАЕВ: Му се смееле ВМРОВЦИ, затоа што Заев не работел

Синот на екс амбасадорот Нано Ружин, Александар бара власта да им даде функции и работа на сите што учествувале во уривање на предходната влада. Александар Ружин му вели на Заев дека ќе ги загуби сите тие што останале без работа и функции и сега им се смеат “вмровците”. Масовно барале бугарски пасоши.

– Читам едни кои се задоволни и кои се фалат секојдневно на социјалните мрежи околу личните успеси, кои ги постигнале преку функциите што ги добиле од новата власт. Многумина од нив ми се добри пријатели и во приватниот живот и мило ми е што се среќни. Но другари, не заборавајте како се чувствуваат и оние од другата страна, кои се незадоволни и разочарани затоа што им било ветувано, а сеуште ништо не добиле! Седат дома и се нервираат. Деновите им се долги, за одмор сигурно немаат. Масовно размислуваат околу бугарски пасоши. Им се потсмеваат вмровци, па во помалите места и на улица не излегуваат. Е, мене и тие ми се пријатели, пијам кафе и со нив и ги слушам нивните маки. Меѓу нив, искрен да бидам, има многу поголеми борци и од некои од вас – наградените! Луѓе кои во буквална смисла 11 години рушеа режим. И не само со пенкало и на Фејсбук, туку и на улица. И без пари. И без било каков надомест. Од чиста идеологија. Од пуста желба за демократска држава, пишува синот на Нано Ружин на Фејсбук.

Членот на раководството на ЛДП предлага акција за да се покаже кој е заслужен за уривањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Другари и другарки, во знак на револт, неисполнување на нашите барања и неостварување на ветувањата кон нас, предлагам профилните и насловните да ги вратиме од времето на отпорот и на револуцијата. Многумина “наградени и привилегирани” од страна на новата власт, воопшто немаат такви фотографии во нивните компјутери и телефони, затоа што не се појавиле на ниту еден сенароден собир, протестен марш или пак воошто учествувале на било кој настан организиран против власта на Никола Груевски. На тој начин ќе ги препознаеме и уште еднаш јавно поздравиме вистинските заборавени борци за слободна, европска и демократска Македонија. Борбата продолжува, нема тука да застанеме, вели Александар Ружин, член на Централен одбор на Либерално Демократска Партија.