Русите зaвpшиja co тecтиpaњe нa пoлecнaтa вepзиja нa „Спутник V“ – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ги завршила клиничките тестирања на лесната верзија на вакцината Спутник V против коронавирусот која се дава во една доза, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.

Русија во јануари објави дека размислува за развој на лесна верзија на својата вакцина за да пружи навремено решение и да им помогне на земјите со висок степен на зараза. Москва наведе дека во Русија ќе продолжи да се користи стандардната вакцина Спутник која се дава во две дози.

Претседателот Владимир Путин вчера кажа дека 4,3 милиони Руси ги примиле двете дози од вакцината и најави дека денес ќе се вакцинира, но нема да биде објавено со која вакцина.

Руските научници кои ја произведоа Епиваккорона, втората вакцина во таа земја, објавија дека нивниот серум е ефикасен против новите варијанти на вирусот.

Русија во ноември минатата година ги почна тестирањата на вакцината Епиваккорона која ја разви сибирскиот Институт Вектор. Третата руска вакцина е Ковивак, која ја произведува Центарот Чумаков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This