дома Арсенал Русите одржаа вежби за пронаоѓање подморници со Хелихоптер

Русите одржаа вежби за пронаоѓање подморници со Хелихоптер

Во близина на брегот на Камчатка беа одржани воени вежби од типот „најди и уништи“ симулирана непријателска подморница, изјавија од Руското Министерство за Одбрана.

Тактичката група на бродови, заедно со КА-27 Хелихоптер, го открија „непријателот“ и нападнаа.

Вежбите вклучуваа заедничко маневрирање, комуникација и бродовите изведуваа „фрлање на Анти-саботажни гранати“ додека се наоѓаа во пристаниште.

КА-27 е хелихоптер со зголемени способности за маневрирање и е специјално создаден за лов, пронаоѓање и уништување на подморници.Хелихоптерот исто така може да се користи за спасувачки мисии,евакуирање и транспорт на товар.

Тука можете да го видите Рускиот хелихоптер како изведува вежби.