дома Актуелно РУСИЈА ВЛЕГУВА НА БАЛКАНОТ СО СЕРИОЗНА СИЛА: Шест МИГ-29, 30 тенкови, уште...

РУСИЈА ВЛЕГУВА НА БАЛКАНОТ СО СЕРИОЗНА СИЛА: Шест МИГ-29, 30 тенкови, уште толку топови и оклопни транспортери како подарок за Србија!

Русија, како поддршка, на Србија и подарува шест авиони МиГ-29 бесплатно, при што сите три фази од модернизацијата ќе ја чинат државата помеѓу 180 и 230 милиони евра, рекол денес српскиот премиер Александар Вучиќ по состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

„Ако сметате кога би ги купувале овие авиони, би не чинеле околу 600 милиони евра. Тогаш можете да видите колку поволно ги добиваме и колку добиваме на подарок, барем кога е збор за авионите“, рекол премиерот кој е во првиот дел од разговорите со Шојгу зборувал на Руски, а потоа продолжил на српски.

Тој додал дека тоа драматично ги подобрува оперативно функционалните способности на Војската на Србија до таа мера што тоа би можело да се смета дека не е истата војска.

„Тоа е немерливо во однос на она што го имавме. Добивме на подарок и 30 тенкови Т-72 и 30 борбени извидувачки оклопни возила БРДМ2 и мали топви 14.5 мм„ ракол Вучиќ. Тој рекол дека со комплетниот врв на воената индустрија и Шојгу имал долг состанок и дека на состанокот го повторил ставот за воена неутралност.
„Ги унапредивме нашите добри пријателски односи. Најважно е дека ќе направиме заеднички планови за тригодишна и петгодишна заедничка соработка, затоа што ние сме земја на која многу и е потребно и би сакала се одеднаш, но тоа не е возможно“.

До петок би требало да биде потпишан договорот, а постојат и две можности, рекол Вучиќ. Како што прецизирал, прва е дека руската армија ќе ги превезе авионите, кои како то додава, се способни да летаат и се одлични, и во март да ги донесе заедно со руските мајстори за ремонт во Србија. Другата е да останат во Русија до септември-октомври, па во ноември следната година да дојдат во Белград, потполно ремонтирани и со нови агргати.