дома Русија Русија ги почна најголемите воени вежби по Студената војна

Русија ги почна најголемите воени вежби по Студената војна

Во рускиот Источен воен округ почнаа најголемите воени вежби во историјата на постсоветска Русија, јави агенцијата ДПА.

Во вежбите „Исток-2018“ во рускиот Далечен исток учествуваат 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и дронови, 36.000 тенкови, оклопни транспортери и други оклопни возила, како и 80 бродови и помошни објекти, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството прецизира дека ова се најголемите воени вежби во Русија од 1981 година.

Вежбите ќе траат до 17 септември, а во нив учествуваат и воени единици од Кина и Монголија.