дома Европа Русија ги пpeдyпpeди гpaѓaнитe дa нe yчecтвyвaaт вo yтpeшнитe дeмoнcтpaции

Русија ги пpeдyпpeди гpaѓaнитe дa нe yчecтвyвaaт вo yтpeшнитe дeмoнcтpaции

Руската полиција ги предупреди граѓаните да не учествуваат во протестите планирани за утре, недела, свикани за повторно да побараат ослободување од затвор на водачот на руската опозиција, Алексеј Навални.

Полицијата планира утре да го ограничи сообраќајот во центарот на Москва, некои улици ќе бидат целосно затворени, а рестораните добија наредба да не работат.

Руските власти ја наведуваат епидемијата на коронавирус како причина за забрана на протестот. На учесниците на протестот за кои ќе се утврди дека ги кршат епидемиолошките мерки им се заканува кривична пријава.

Навални беше уапсен на 17 јануари веднаш штом пристигна во Русија од Германија, каде помина пет месеци во опоравување од труењето, за што Кремlin обвинува.

Апсењето минатата недела предизвика масовни демонстрации во околу 100 руски градови, кога беа уапсени повеќе од 4.000 луѓе.

Утрешниот протест во Москва е планиран на плоштадот jубјанка, каде е седиштето на Федералната служба за безбедност, која Навални ја обвинува за организирање на набудување и труење.