РУСИЈА ГО НАПУШТИ ДОГОВОРОТ ЗА ХАШКИОТ СУД: Поради некомпетентност на судот и произволните извештаи Русија го напушти договорот за Меѓународен кривичен суд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за повлекување на Русија од Договорот за Меѓународен кривичен суд, само ден откако тужителката на Хашкиот суд Фату Бенсуда во својот извештај наведе дека присоединувањето на Крим кон Русија е објава на војна со Украина и окупација на нејзината територија

hag

Кремљ одлуката да не учествува во Римскиот статут на Хашкиот суд го објасни со национален интерес.
„Тоа е позиција која ја завзема земјата раководејќи се исклучиво од национални интереси“, рекол портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков, додавајќи дека изедначувањето на припојувањето на Крим кон Русија со вооружен судир помеѓу Русија и Украина е спротивно на реалноста.
„Таквата формулација е во спротивност со реалноста што се однеусва на нашите позции, а што е уште поважно со поизциите со кои се изјаснија граѓаните на Крим на референдум, кога ја донесоа одлуката за влез во составот на Руската Федерација“, истакнува Песков.

Што се однесува на Донбас, тој повтори дека тоа е граѓанска војна во Украина и дека тоа е внатрешен украинси судир. Песков повлекувањето од договорот за Хашкиот суд го нарече формалност, затоа што „дејуре Русија не беше под надлежност на тој суд“.
„Вие знаете дека документот беше потпишан, но не и ратификуван“ додава Песков.

Во документот од изјавата на хашката обвинителка се вели дека „Русија го превзела Крим без ниту еден испален куршум“, а дека руските војници учествувале во „воспоставуање на контрола над територијата вклучително и украинките воени бази и владините згради“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This